Андреа Кликовац и официјално е промовирана како ново засилување на ЧСМ Букурешт. Црногорката која во моментов е член на Кишварда се надева дека со романскиот тим ќе дојде до посакуваниот златен медал, кој не успеа да го освои со ЖРК Вардар.

„Многу сум среќна што потпишав, блиску сум до историја. Пет пати бев дел од фајнл-форот во Лигата на шампиони, но немав среќа да го освојам трофејот“, изјави Кликовац на промоцијата.

ЧСМ во изминатиот период потпиша нови ракометарки меѓу кои Нора Морк, Лаура Кипер, Кринеа Пинтеа, Дениса Деду и Габриела Пирјану,