Горан Пандев игра посебно инспиративно против Јувентус и речиси редовно запишува асистенција или погодок против италијанскиот шампион. Денеска влезе во игра и го среди големиот ривал, му го нанесе првиот пораз. Прво асистираше за првиот погодок, а потоа со гол ја запечати победата на Џенова.

Статистиката вели дека Горан Пандев е вистинска ноќна мора за Јувентус. Вистински анти-јувентист! Зошто? Затоа што има шест гола против „Старата дама“ во Серија А во дресот на Лацио, Интер и Џенова (со две асистенции).

Во оваа категорија само Мауро Икарди е на чело со осум гола во мрежата на Јувентус. Други играчи кои можат да се пофалат со добар ефект против Јувентус се Серџо Пелисие со пет гола, потоа Алесандро Матри и Дуван Запата со по четири.

Ако се бројат и Купот и Суперкупот на Италија тогаш популарниот Гоче има осум гола против „Старата дама“.

 

Сите голови на Пандев против Јувентус

ЗА ЛАЦИО

Првенство

1 гол во поразот од 1:2/ сезона 2004/05

2 гола во поразот од 2:3/ сезона 2007/08

Куп

1 гол во победата од 2:1/ сезона 2008/09

ЗА НАПОЛИ

Првенство

2 гола во ремито со резултат 3:3/сезона 2011/12

Суперкуп

1 гол во поразот од 2:4 по продолженијата/сезона 2012/13

ЗА ЏЕНОВА

Првенство

1 гол во триумфот од 2:0/ сезона 2018/19 (2:0)

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОВАЦИИТЕ НА ТРИБИНИТЕ НА „ЏУЗЕПЕ ФЕРАРИС“ ПО ГОЛОТ НА НАШИОТ КАПИТЕН (ЛИНК)