Се чини авантурата на Џиџи Буфон во Франција ќе заврши неславно. Според „L’Equipe“, ПСЖ не планира да го продолжи договорот со искусниот чувар за мрежа, кој пак е посочен како еден од најголемите виновници за елиминацијата во Лигата на шампионите.

На легендарниот 41-годишен Италијанец му падна топката, по што Јунајтед го постигна вториот гол и на магичен начин приреди изненадување, обезбеди место во 1/4 финалето во елитното европско клупско натпреварување.

Челниците на клубот сметаат дека на голот треба да биде Алфонсо Ареола, францускиот репрезентативец и дете на ПСЖ.

Пред осминафиналните пресметки со Јунајтед од таборот на „светците“ беа подготвени да му понудат нов договор на Буфон, но тоа се промени преку ноќ, Тухел има поинаква визија за тимот.