Финскиот возач Валтери Ботас е победник на првата овосезонска трка во Формула 1 шампионатот. Финецот уште од стартот го престигна Луис Хамилтон, кој ја имаше пол позицијата, и на крајот заврши пред него со преку 20 секунди предност.

Хамилтон во текот на трката имаше проблем со гумите. „Не знам дали ќе ја издржам целата трка со овие гуми“, нареди Хамилтон на својот тим, а потоа влезе во „пит“ да менува.

Зад првопласираниот Ботас и второпласираниот Хамилтон заврши Макс Верстапен од Ред Бул. Четврти и петти беа болидите на Ферати Себастијан Фетел, односно Чарлс Леклерк.

Грожан, Рикиардо и Саинц не ја завршија трката.

ГП МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА

  1. Валтери Ботас (Мер) 1:25:27.325
  2. Луис Хамилтон (Мер) +20.886
  3. Макс Верстапен (Р. Бул) +22.520
  4. Себастијан Фетел (Фер) +57.109
  5. Чарлс Леклерк (Фер) +1:27.156