Американската скијачка Микаела Шифрин првпат во кариерата го освои малиот Кристален глобус во велеслаломот. Таа во последната трка сезонава во Светскиот куп ја оствари 61. победа во кариерата и така дојде до рекордниот четврти трофеј оваа сезона.

Да постетиме Американката претходно беше најдобра и во слаломот и во супервелеслаломот, а го освои и големиот Кристален глобус. Таа е рамо до рамо со Линдзи Вон (2010 и 2012) и Тина Мазе (2013) со по четири титули во една сезона.

Микаела сега има вкупно 11 титули во Светскиот куп. Американката денеска во Солде во Андора, во последната трка сезонава стигна до триумф со време 2:23.17, а големата разлика во однос на ривалките ја направи во првото возење.

На второто место заврши 17-годишната Алис Робертсон од Нов Зеланд со заостанување од 0.30 секунди, а трета беше чешката сензација Петра Влхова која доцнеше 0.41 секунда.

Во генералниот пласман во велеслаломот Шифрин има 615 бодови, Влхова 478 и Ворли 460.

Во конечниот пласман Шифрин ја заврши сезоната со 2204 бодови, Влхова има 1355, а Холденер 1079.