Барселона одново во Лигата на шампионите ќе се сретне против тимот со кого има добра традиција. Во финалето 2009 година, каталонскиот гигант го совлада Манчестер Јунајтед со 3-1 и ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Од „Камп Ноу“ се навраќаат наназад, кога Оле Гунар Солскјер на тој стадион како играч во 93. минута постигна гол вреден пехар.

Но, сега е работите стојат поинаку, постојат неколку факти поради кои Јунајтед може да се надева на победа против Барселона, анализираат шпанските медиуми.

СИЛНИ ВО СКОКОТ

„Тоа е нивната најголема предност. Сепак оваа надмоќ не им донесе толку голови, колку стабилност во дефанзивата. Постигнаа само пет голови со глава оваа сезона, но и покрај ова Барселона ќе мора да внимава на нивните високи играчи“.

ЧУВСТВОТО НА НЕПОБЕДЛИВОСТ

„Триумфот против ПСЖ, меч на кој настапија без дури 10 повредени играчи им донесе неверојатно голема самодоверба. По доаѓањето на Солскјер тимот се чувствува непобедливо“.

НЕВЕРОЈАТНИОТ ПОГБА

„Тој е најдобриот пример, напредок на играчот по промена на тренерот. Додека играше под палката на Мурињо постигна пет гола и подели 4 асистенции на 20 натпревари. Сега со норвешкиот стратег постигна осум гола и запиша шест асистенции во само 14 меча“.

ЛАЖНА ДЕВЕТКА ИЛИ КЛАСИЧЕН НАПАЃАЧ

„Имаат подготвено тактика за секој натпревар. Линкард некогаш игра како лажна деветка, а некогаш Лукаку како класичен напаѓач, сето ова носи резултати“.