На денешното генерално Собрание е донесена одлука од натпреварувачката 2020/2021 сезона, вторите лиги повторно да се „соединат“ во една, и да постои само една втора лига со 14 или 16 екипи.

Исто така ќе има промени и во третите лиги. Наместо досегашните шест, бројката ќе се намали на пет регионални лиги.

„Во изминатиот период УО на ФФМ се соочи со предизвик кога станува збор за организација на регионите, односнот третите лиги. Се бараа решенија за изнаоѓање на пофункционални шампионати“, велат од ФФМ.