На 3 април, Тотенхем ќе го одигра првиот натпревар на новиот стадион. На овој ден, лондонскиот клуб ќе се сретне со Кристал Палас во натпревар од 31. коло од англиската Премиер лига, а клубот, конечно, ќе ги израдува фановите и ќе ги врати во новиот дом на популарниот лондонски состав.

Новата арена, лондонскиот клуб ќе биде домаќин и на првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите со Манчестер Сити, кој ќе се одигра на 9 април, како и средбата од 33. коло во Премиер лига со Брајтон.

Стариот „Вајт Харт Лејн“ на чие место е изградена новата арена беше урнат во мај 2017 година. Последните речиси две години, лондонци ги минаа како домаќини на „Вембли“.