Директорот на германската фудбалска репрезентација Оливер Бироф призна за потенцијален проблем во Германија. Тој вели дека сега се е во ред, меѓутоа стравува дека за неколку години ситуацијата може драстично да се промени и да се појави голем проблем поради кој ќе трпи националниот тим.

Во моментов имаме помалку таленти во јуниорските формации. Засега сме добри на тоа поле, но по пет години работите можат да станат тешки. Треба да внимаваме што работиме и да се посветиме повеќе на тој проблем. Не е се така црно во националниот тим. Имаме добра основа, можеби не толку добра како во 2010, но се уште имаме добри фудбалери“, вели поранешниот германски напаѓач кој исто така повика на трпение кон младите фудбалери во Бундестимот.

Секој знае дека почнавме нов проект, за подмладување на репрезентацијата и за тоа треба време. Сакам навивачите да ни простат, ако работите не одат како што треба. И на Холандија и на Франција им требаше време кога градеа нови тимови. Сакам да бргу да се вратиме во светската елита, но повторувам, ќе ни треба време да ги склопиме сите коцки како што треба“, изјави Бироф.

Четирикратниот светски првак ќе игра пријателски меч со Србија, а потоа ќе се соочи со Холандија на стартот на квалификациите за ЕП 2020.

А селекторот Јоаким Лев отпиша некои староседелци како Боатенг, Хумелс и Милер од Баерн, а се потпре на играчи како Лукас Клостерман (РБ Лајпциг), Максимилијан Егештајн (Вердер), Никлас Штарк (Херта), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Нико Шулц (Хофенхајм)…