Фудбалските фанови синоќа уживаа во магијата на Лео Меси, а дека добар гол треба да биде поздравен и почитуван потврдија навивачите на Бетис.

Колку и да им беше тешко што нивниот тим загуби од Барселона (4:1), тие со аплаузи и на нозе го поздравија и хет-трикот на Меси.

„Благодарен сум. Досега ми се нема случено ова. Никогаш противнички навивачи не ме поздравиле така. Секогаш се однесуваат толку добро кон нас“, изјави Меси за фановите на Бетис.