Фудбалот во Грција повторно доживеа дебакл. Уште се свежи сеќавањата од кошаркарското дерби пред неколку недели во кое кошаркарите на Олимпијакос се повлекоа по срамното судење, а потоа шефовите на Панатинаикос ги омаложуваа противниците. Раздорот меѓу двата клуба се префрли и на фудбалот.

Големото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос беше прекинат поради нереди на „ОАКА стадионот“. По два прекини поради влегување на хулигани и обид да се пресметаат со играчите на Олимпијакос, интервенција на полицијата, фрлени солзавци, камења, запалени факели и тепачки пред стадионот, германскиот судија Марко Фриц немаше друг избор освен да означи крај на мечот.

Во 5. минута Фриц на кратко го прекина мечот поради влегување на навивачи на Панатинаикос на атлетската патека и речиси да дојдоа до клупата на Олимпијакос. Средбата продолжи по интервенција на полицијата и редарите, но хаосот се пренесе пред стадионот и на трибините. Додека фудбалерите се обидуваа да играат фудбал, хулиганите на трибините се „млатеа“ меѓу себе. Дури ги палета противничките знамиња и се гаѓаа со топовски удари и факели. Фриц го прекина мечот во 70. минута (Олимпијакос водеше до тогаш со гол во 53. минута) кога полицајците почнаа да фрлаат солзавец што во еден момент беше толку замаглено што не можеше ни да се дише.

Панатинаикос се наоѓа пред сериозна казна поради лоша организација. Се соочува со парична казна, одземање на бодови.