Голманот на Наполи, Давид Оспина, кој заработи страшен удар во главата во дуелот со Удинезе, по кој и колабираше на теренот е на интензивна нега.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за потрес на мозокот, но, за среќа без посериозни последици. Тој се чувствува добро, но ќе остане под лекарски надзор во следните две недели.

Колумбискиот голман ќе одмара еден месец, а неговото враќање на теренот се очекува за првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа против Арсенал, на 11 сприл.