Во англиската Премиер лига се одиграни 31.кола, а се влегува во завршница на шампионатот. Интересно, речиси неверојатно звучи податокот дека Њукасл по 31. коло има идентична статистика како и минатата сезона. Екипата на Рафаел Бенитез се наоѓа на 13. место на табелата со 35 бодови, односно девет победи, осум ремија и 14 порази со гол-разлика -9, односно 31:40.

Ист ефект тимот од „Сент Џејмс Парк“ имаше и мината сезона по 31.коло. На крајот завршија на 10-тото место, а ќе видиме дали така ќе биде и сега.