Со „тројката“ на Лу Вилијамс со истекот на времето, Л.А. Клиперс дојде до победа од 119:116 во дуелот со Бруклин пред својата публика.

Иако на минута и две секунди до крајот Клиперс имаа комотни десет разлика (116:106) дозволија Нетс да направат серија од 10-0 и да дојдат на егал 116:116 на 5.3 секунди до крајот. Но, по тајм-аутот Вилијамс, кој натпреварот го заврши како најефикасен за Клиперс, со 25 поени, стави крај на целата драма.

Л.А. Клиперс имаа серија од седум победи, а интересно е дека овој триумф беше специјален за тренерот Док Риверс, кој дојде до 300. победа во својата кариера и сега е седми тренер во историјата на НБА на кој му успеало тоа.

Во вториот меч синоќа Хјустон со 117:102 ја совлада Минесота.

РЕЗУЛТАТИ:

Хјустон – Минесота   117:102

Л.А. Клиперс – Бруклин        119:116