По дисциплинска истрага спроведена од страна на УЕФА во телото за етика, Европската куќа на фудбалот денеска објави дека согласно член 55 од Дисциплинската регулатива на УЕФА, е отворена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо.

Причината е несоодветното однесување на Португалецот по прославата на еден од головите на реванш мечот од осминафиналето на ЛШ против екипата на Атлетико (М). Од УЕФА најавија дека одлуката на комисијата ќе биде донесена на состанокот закажан за в четврток, 21 март.

Ако биде прогласен за виновен, Роналдо ризикува суспензија на престојните средби во четврфиналето на ЛШ со Ајакс.