Игор Ангеловски, нашиот селектор има има искуство против Летонците, и тоа позитивно. Имено во јули во 2015 година, тој тогаш како тренер на Работнички во 2.квалификациско коло во Лигата на Европа, го елиминираше тимот на Јелгава. На гостувањето во Летонија тогаш „романтичарите“ загубија со 0:1, но затоа во реваншот во Скопје со головите на Баже Илијоски и Суад Сахити, победија со 2:0 и се пласираа во следната рунда. Тоа лето клубот од Градски Парк предводен од Игор Ангеловски – Мрме, стигна до плеј – офот во Лигата на Европа. Интересно е тоа што тогаш на голот на Јелгава беше Касперс Икстенс, кој сега е трет голман во репрезентацијата на Летонија.

Инаку ни Мрме, а и сите ние немаме ништо против и овојпат, в четврток на „Филип  Втори“, резултатот биде 2:0 за домашниот тим, сега за селекцијата на Македонија.