Гостивар и Вардар први го отворија 19. коло во Првата лига. Најпријатното изненадување оваа сезона продолжи во победнички ритам, Марјан Србиноски и неговите момци го запишаа четвртиот триумф во низа. Овој пат имаа далеку полесна задача, на домашен терен очекувано го совлада Вардар со 99-66 (25-21, 24-16, 30-11, 20-18) и направија важен чекор кон зацвртување на четвртото место на табелата.

На гостиварци им требаа две добри четвртини за да ја осигураат 12-та победа оваа сезона.

Американецот со нигериско потекло Тенксли Ефианаи запиша 21 поен, зад него беше Трајковски и Димитриевски со по 14 поени. На другата страна Михајловски имаше 18 поени.