Репрезентацијата денеска се комплетираше со доаѓањето на Столе Димитриевски. Како што најави „Спортмедиа“, Димитриевски го пропушти првиот тренинг, поради тоа што имаше обврски со Рајо (натпревар со Виљареал), и доцна синоќа пристигна во репрезентативната „база“.

Селекцијата е сега комплетна, денеска ги продолжи подготовките за натпреварот со Летонија кој се игра во четврток, а потоа во недела играме и со Словенија на гости во Љубљана.