Денеска со ждрепка беа одредени и натпреварувачките двојки за продолжението на плеј-офот во домашното ракометно првенство. Фаворитот за титулата, екипата на Вардар, клучните средби ќе ги има против Еурофарм Работник и Металург, кои донекаде, ќе им бидат главни опоненти на патот кон новата титула.

Според ждрепката главните мечеви за скопските „црвено-црни“ ќе следуваат во 1. и 6. коло против Еурофарм Работник, како и во 5. и 10. коло против Металург. Распоредот на натпреварите вели дека Вардар во последното коло ќе гостува во „Автокоманда“ кај Металург, но шампионот може да биде познат и порано.

Во 2. коло тимот на Еурофарм Работник гостува во Скопје кај Металург, а тој дуел според календарот треба да се одигра на 30 или 31 март. Сепак, поради тоа што тој викенд битолчани одат за Унгарија мечот ќе биде поместен неколку дена. И пресметките меѓу Металург и Еурофарм Работник ќе бидат исклучително возбудливи, затоа што од нив ќе зависи и битката за вицешампионската позиција.

Плеј-офот почнува на крајот на март, на 23 и 24, со мечевите од првото коло, а треба да заврши на 1 и 2 јуни.

Прво коло плеј-оф Суперлига – мажи:

Металург – Пелистер
Еурофарм Работник – Вардар
Пролет – Бутел