Стивен Стамкос, еден од најдобрите хокеари во НХЛ, е најдобриот стрелец во историјата на франшизата Тампа Беј. Тој на синоќешниот меч против Аризона постигна еден гол, кој беше негов вкупно 384, па така сега е рекордер на клубот во неговата историја во НХЛ. Сега зад него се останатите легенди на Тампа Беј како Винсент Лешавилие, Мартин Ст. Луис и останатите. Колку за потсетување Стивен Стамкос е со  потекло од Македонија.

Стамкос во едно интервју кажа дека многу сака македонски песни, и омилено јадење му е македонски зелник.