По пауза од шест години македонските куглари ќе се вратат на репрезентативните активности и ќе настапат на Светското првенство кое во мај годинава ќе се одржи во Чешка.

Селекторот, Дамир Фучкар, направи две групи и тоа во првата има четири репрезентативци кои ќе настапат во Чешка – Борис Бенедик, Бојан Влаковски, Димитар Димитровски и самиот селектор додека во втората се десет куглари од кои шестмина ќе добијат шанса да бидат дел од големиот спортски настан во месец мај.

Тоа се: Сашо Трпковски (Скопје), Младен Донковски (Скопје), Александар Соколовски (Битола), Ибрахим Мемеди (Скопје), Игор Беличански (Скопје), Дарко Димитровски (Скопје), Зоран Ристиќ (Скопје), Кристијан Костов (Скопје), Пецо Димовски (Битола) и Никола Андоновски (Битола).