Додека големите клубови безмилосно трошат пари, помалите се борат за живот или се на работа на егзистенција, мака мачејќи како да платат превоз, организирање на меч, плати на фудбалерите…

Еден таков мал фудбалски клуб како Норт Фериби Јунајтед викендов згасна после 85 години постоење. И сето тоа поради долг од само 8,000 фунти! За сума која на пример Алексис Санчез ја заработува за само неколку часа.

Норт Фериби е полупрофесионален клуб од Истичен Јоркшир, од место кое брои околу 4,000 жители. Речиси целата историја настапуваат во аматерските лиги на Англија, а во 2005 година првпат заиграа во шестиот ранг во кои поминаа 11 години, а во 2016. година преку плеј-офот на англиската шеста лига стигнаа до историскиот пласман во петтата лига – Национал. Триумф во финалето на „Вембли“ за пехар и за билет за повисок ранг.

Иако направи сензација, малиот клуб одлучи да не продолжи во повисока лига, туку да остане во шестата лига. Оваа сезона испливаа вистинските пробвлеми. Долг кој клубот не е можност да го врати. Претседателот прифати во тимот да играа локални деца со што би се намалил трошокот за плати, но од друга страна тоа се одрази на резултатите кои се очајни.

Долгот поради кој фудбалскиот клуб е згаснат е кон локална фирма која обезбедила дренажа на стадионот, а бидејќи истиот не е навреме исплатен, фирмата се обратила кон судот. А Врховниот суд донесе одлука дека поради неможност да го исплати долгот, фудбалскиот клуб да се угаси. Долгот изнесува точно 7.642,25 фунти!