Нико Ковач, стратегот на „баварците“ го посакува Герет Бејл. Тоа значи дека се подготвува сензационален трансфер на еден од најдобрите фудбалери во светот и ѕвезда на Реал Мадрид.

Ова во некоја рака може да биде и добро за „кралевите“, имено се тие пари од Бејл може конечно да го доведат Еден Азар од Челзи. Оваа вест силно одекна во Германија утринава, во тамошната фудбалска јавност, но и меѓу фановите на Баерн Минхен.

Во секој случај летниот преоден рок ќе биде интересен во кој гигантите имаат намера да купат барем по една голема ѕвезда.