Многу рекорди, многу бројки, голови зад името на Лео Меси, но еден навистина е посебен. Имено ако се земе периодот од сезоната 2011/2012, тогаш капитенот на Барселона, за каталонскиот тим има постигнато 25 голови од слободни удари. Додека сите играчи на Реал Мадрид во тој период постигнале еден помалку, или 24. Единствен клуб кој постигнал повеќе голови од Меси е само Јувентус, и тоа 29. Останатите се зад чудесниот Лео, на пример Реал има 24, Лион 22, Рома и ПСЖ 21, Ливерпул 19, тука ги сметаме само великаните.