Репрезентативецот на БиХ, Един Џеко летово заминува од Рома и ќе биде новото засилување за Интер.

Според Газета дело спорт Интер се подготвува да продолжи без капитенот Мауро Икарди и е подготвен да и плати на Рома обештетување од 30 милиони евра за да го донесе „босанскиот дијамант“ во своите редови.

Џеко во 2015 година од Манчестер Сите се пресели во Рома, за која има постигнато 85 гола на 196 натпревари, заедно со 12-те од оваа сезона.