Иднината на фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо изгледа е решена. Каталонците се категорични во својата намера да го продадат во текот на летото, иако тимот ќе биде на сериозна загуба. Во клубот се решени дека Кутињо не е за оваа Барселона и затоа немаат намера да експериментираат со него и следната сезона.

Извори блиски на Барселона тврдат дека трансфер во Манчестер Јунајтед за Кутињо е доста реална веријанта, но какосилна втора опција е ПСЖ. Последните информации велат дека најверојатната дестинација за Кутињо ќе биде Париз, бидејќи тој веќе разговарал со својот пријател Нејмар кој го поканил да му се приклучи вот имот на „светците“. Кутињо наводно не сака да се враќа во Англија и  неговото семејство исто така тешко се приспособи на животот на Островот, па затоа Франција е многу подобра опција за сите нив.

Од Барса ќе ги разгледуваат само понудите над 80 милиони евра.