По завршувањето на сезоната во Бундес лигата Јулиан Нагелсман ќе го напушти Хофенхајм и ќе прејде во редовите на РБ Лајпциг. Па малиот клуб од Зинсхајм одамна е во потрага по негов наследник, а се сетија на човекот кој беше во нивниот клуб и кој сега е десна рака на Ерик тен Хаг во Ајакс кој прави чуда во Лигата на шампионите.

Неговото име е Алфред Шредер. Холандски стручњак кој речиси цела кариера работеше како помошник. Прво на Тео Бос во Витесе, на Стив Мекларен во Твенте, потоа на Хуб Стевенс и Нагелсман во Хофенхајм (од октомври 2015 до јануари 2018). Во 2018 година прејде во Ајакс да работи заедно со Тен Хаг.

Кратко, нецела сезона беше на чело на Твенте во 2014-15.

Алфред ја знае нашата структура и знае како работиме. Тој ја разбира стратегијата и тоа што бараме. Тој се човек кој се вклопува секаде, а неговата визија за фудбалот е иста како и нашата“, изјави спортскиот директор на ТСГ Александер Розен.

Неговиот системи се 4-3-3 и 4-2-3-1 исто како и Хофенхајм. Тен Хаг вели дека токму Шредер има голема заслуга за успесите на Ајакс оваа сезона во ЛШ.

Шредер потпиша договор со Хоф до јуни 2022.