Денеска нашиот млад репрезентативец Давор Здравковски полни 21 година. Тој доби специјална честитка од хотелот „Глорија Ресорт“ во Анталија, каде е сместена нашата млада У-21 репрезентатација. Инаку тие се подготвуваат за тоа што ги очекува, за настап на „Анталија Куп 2019“. Да се потсетиме дека првиот меч момците на селекторот Благоја Милевски го играат на 22 март, против соодветната селекција на Украина.