Дека Горан Пандев е голема ѕвезда и бренд, доказ е и фактот дела сајтот „Гоал.ком“ го сместува во идеалните единаесет на Интер на сите времиња. Но, со мала напомена дека во конкуренција влегуваат само играчи кои биле дел од школата на „неро – аѕурите“, а Пандев секако дека беше член на таа школа кога дојде од струмичка Беласица.

Покрај Пандев во идеалните на сите времиња се и Зенга, Бергоми, Ориали, Мацола,Балотели и други. Нема што, Македонецот е во одбрано друштво на еден од најголемите клубови во Италија и Европа.