КОЖУВ – АКАДЕМИК БУЛТЕКС 86:91 (20:29, 21:21, 24:19, 21:22)

Во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во БИБЛ лигата кошаркарите на Кожув беа поразени во својата сала од бугарски Академик Бултекс и со тоа својот вечерашен ривал му го испратија како противник на Ф4 турнирот на градскиот ривал Блокотехна. Кожув кој и онака немаше шанси за место меѓу четирите најдобри, вечерва одлучуваше само за распоредот на 3. и 4. место на табелата.

Со победата од 91:86 кошаркарите на Академик Бултекс го освоија третото место, што значи дека за противник во полуфиналето на завршниот турнир го добија вториот македонски преставник во БИБЛ лигата, Блокотехна, која по 12. кола во регуларниот дел од сезоната заврши на 2. место. Во второто полуфинале ќе играат лидерот Бероа и четвртопласираната Теута.

Вечерва Академик беше подобар ривал од Кожув во текот на целиот меч. Уште од првите минути гостите дојдоа до предност која успешно ја одржуваа 40 минути. На полувреме заминаа со плус 9 (41:5), а до крајот не дозволија домашните да им се доближат на опасна разлика.

Кај Кожув најефикасен беше Кесар кој мечот го заврши со 22 поени, додека Френклин со 24 поени беше лидер кај поентерите во составот на Академик.