Летонците во пресрет на утрешниот меч со Македонија имаат многу отворени прашања. Со доаѓањето нановиот селектор Стојановиќ, репрезентативците се уште се во фаза на „учење“ на неговата филозофија на игра. Тоа во своја изјава за летонските медиуми го потврдува и фудбалерот на словенечка Олимпија, Виталијс Максименко.

„Тренерот во овие два дена колку што сме заедно се обидува да организира некои тактички прашања и да ги поправи нашите грешки. Тој ни ја претставува својата филозофија, објаснува како би играле во одбраната и напад и тоа што го потенцира е дека очекува од нас да играме и без топка“, вели 28-годишниот Максименко.

Македонија и Летонија утре се соочуваат во првото коло од квалификациите за ЕП 2020 година на „Националната Арена Филип Втори“ од 20.45 часот.