Денеска се одиграа првите мечеви од полуфиналето во младинскиот Куп на Македонија. Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник, со резултат 1:1. Први во водство дојдоа домашните со голот на Донов во 36.минута и тоа од пенал. Шкендија израмни во 77.минута со погодокот на Рамадани. Доодека во градското дерби, младинците на Вардар со 2:1 славеа над Работнички. Головите за вардарци беа дело на Реџепи и Ибиши во 11. и 70.минута, додека Работнички намали во 76.минута со голот на Хасан. Овие тесни резултати гарантираат дека во реваншот во младинскиот Куп на Македонија ќе биде екстра интересно, до последен момент нема да се знаат патниците во големото финале.

МЛАДИНСКИ КУП – ПОЛУФИНАЛЕ

А. Пандев – Шкендија 1:1

Вардар – Работнички 2:1