Паднаа сите досегашни рекорди кои се однесуваат на висината на договорите на спортистите. Имено Мајк Траут ќе добие нестварни 430 милиони долари од безбол тимот на Лос Анџелес Ејнџелс, за возврат ќе мора да го носи дресот на овој тим во наредните 12 години.

Овој договор е најголемиот во историјата на спортот, досега тој рекорд го држеше боксерот Канел Алварез кој потпиша петгодишен договор за 11 борби со сервисот за пренос ДАЗН, вреден 365 милиони долари. Останатите спортисти, не можат ниту да се доближат до овие суми, посебно тука мислиме на фудбалерите.