Икер Касиљас нема намера да ги „закачи“ копачките. Шпанскиот репрезентативец денеска го продолжи договорот со Порто на нови две години.

Португалскиот тим е задоволен од игрите на Касиљас, како и од успехот оваа сезона, во домашното првенство се на бод зад Бенфика, а додека во Лигата на шампионите обезбедија пласман во четвртфиналето каде силите ќе ги одмерат со Ливерпул.

„Ова е специјален ден за мене. Се чувствувам како дома, сакам да останам во овој клуб до крајот на мојата кариера. Кога дојдов тука многумина мислеа дека ќе останам една или две години, а потоа ќе се пензионирам. Сакам да се заблагодарам на клубот, но и на градот“, изјави Касиљас, кој во редовите на Порто дојде во 2015 година од тимот на Реал Мадрид.