ОХРИД – ШКУПИ 96:73 (25:21, 29:14, 14:18, 28:20)

Кошаркарите на Охрид славеа со 96:73 во дербито на дното во домашното кошаркарско првенство. Пред своја публика, охриѓани одиграа добар меч и не му дозволија на гостинот да се понадева на победа. Интересно е што и двата тима во пресрет на мечот влегоа со долги серии без победа. Охрид беше без триумф 7 меча во серија, додека гостите од Скопје немаат победа во досегашниот дел од сезоната.

Охриѓани одлично го контролираа мечот и откако се погрижија за голема разлика на полувреме (+19), некако полесно ја завршија работата во вториот дел. Мечот како најефикасен го заврши Донески со 19 поени. Кај Шкупи 17 поени останаа зад името на Форд.