Напаѓачот на Звезда и дебитант во српскиот национален тим Милан Павков доби црвен картон во 94. минута во дуелот со Германија. Павков беше исклучен по 23 минути на теренот поради многу опасен старт над Лирој Сане. Со отворен ѓон го згасна играчот на Сити кој се превиткуваше на теренот, но добро е што Германецот помина без потешка повреда затоа што на снимката тоа изгледаше страшно.

По натпреварот селекторот на Србија Младен Крстајиќ им се извинуваше на Германците и на Сане поради непромислениот потег на својот играч.