Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев на утрешниот дуел против Летонија во рамките на квалификациите за ЕУРО2020 ќе го запише 100. настап во „црвено-жолтиот“ дрес. Секако, една од најголемите желби е специјалниот меч да биде крунисан со победа како најава за нов успешен циклус.