Кошаркарите на Панатинаикос имаа причини за радост вечерва, откако пред своја публика дојдоа до толку посакуваната победа над Басконија, која и натаму им дава надеж дека до крајот на регуларниот дел можат да се протнат меѓу осумте најдобри и да продолжат во плеј-офот. После голема драма, ПАО славеше со 72:70, но мора да се напомене дека имаше огромна предност по првите три четвртини, која на крајот за малку ќе ја прокоцкаше целосно.

Победничкиот тим на ПАО го предводеше Томас со 16 поени, додека Килпатрик уфрли 14. Ова беше петти триумф на грчкиот тим во серија кој и натаму му дава шанси за плеј-офот.


Претходно, кошаркарите на Дарушафака го добија дербито на дното против екипата на Химки со 91:85. Последопласираниот тим на табелата на крилата на Мајкл Ерик кој средбата ја заврши со 22 поени дојдоа до само четвртата победа оваа сезона.

Кошаркарите на Жалгирис, пак, вечерва успеаја да слават на гостувањето кај Макаби во Тел Авив со 85:83 и да се израмнат по бројот на победи со Израелците. со оглед на тоа што им недостасуваат најмалку уште три победи до крајот за да се надеваат на шанси за плај-офот и двата тима немаат право на грешка во завршните рунди.