Колку е добро да имаш квалитетни фудбалери, толку е, во некоја рака и лошо. Тоа најдобро го знае стратегот на шампионот Ќатип Османи, но и останатите тренери во Шкендија од помладите категории, кои останаа без деветтмина фудбалери кои се повикани за своите репрезентации.

Висар Муслиу и Егзон Бејтуали веќе тренираат со А репрезентацијата на Македонија и се подготвуваат за дуелите со Летонија и Словенија, мечеви во квалификациите за ЕВРО 2020. Леард Садриу пак е повикан за У-21 селекцијата на Косово. Шефит Шефити и Омар Имери се на подготовки со У-21 селекцијата на Албанија. Во У-19 селекцијата на Македонија повикани се Рамин Алии и Куштрим Таири, додека на списокот на У-19 селекцијата на Албанија се Нешат Мурати и Алмир Реџепи.

Инаку тие што немаат репрезентативни обврски ќе бидат во комбинација за денешниот пријателски меч со Влазними од Ѓаковица, кој ќе се одигра во Тетово.