Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа последниот тренинг пред утрешната пресметка со Летонија, со која ги стартуваме квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

„Паднаа“ последните договори како треба да се игра утре со Летонците, а дали тоа ќе биде остварено на теренот, останува да се види. Во секој случај нашите репрезентативци напоменуваат дека се фаворити, и очекувањата се само три бода.