Попладнево во Тетово, екипата на Шкендија во пријателски натпревар одигра 0:0 против составот на Влазними Ѓаковица, тим од Косово. Тренерот на нашиот шампион Ќатип Османи, шанса им даде на сите оние играчи кои во моментов ги има на располагање, ако се знае дека поголем број се надвор од клубот поради репрезентативни обврски. Ова беше добра контрола за него и неговите пулени во пресрет на продолжение од шампионатот.