Љубопитно откритие направи британската боксерската ѕвезда Антони Џошуа. Иако е светски шампион славата не му удрила во глава и уште живее скромно, а тој ги отвори вратите на својот дом. Еј Џеј живее и се спрема за големите борби во двособен стан во Шефилд иако со своите успеси во боксот заработил преку 100 милиони фунти.

Тој го покажа домот, а истакна дека некои работи во домот не се променети веќе седум години.

„Ми се допаѓа. Мирно е и комфорно. Тоа ми е доволно“, вели Еј Џеј кој се спрема за борба со Џарел Милер на 1 јуни во САД.