Првата македонска пресметка во осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Филип Талески и Кирил Лазаров заврши со победа на помладиот.  Рајн Некар го совлада Нант со 34-32.

Нант тргна добро во мечот, поведе со 3-5, па 5-8 во 11. минута. Рајн Некар брзо се врати, израмни на 10-10, но тимот на капитенот одново успеа да дојде на плус два 12-14. Шмид, Грецки и Колбахер влегоа во “петта” брзина, РНЛ на полувремето замина со 18-16.

По одморот, Рајн Некар не дозволи друго сценарио, францускиот тим само еднаш успеа да дојде на еден гол разлика 26-25. Момент кој не ја разниша самодовербата на домашниот тим, во 52.минута беше 31-25. На две минути до крајот Талески дoби исклучување, но за среќа не се одрази на резултатот.

Лазаров постигна два гола од седум обиди, погодоци кои ги даде во првото полувреме. Талески не се запиша во листата на стрелци. Реваншот се игра за седум дена во Нант.