Навивачите на германската репрезентација вечерва на стадионот во Волфзбург направија убава кореографија пред пријателскиот меч со Србија посветена на триото на Баерн Матс Хумелс, Џером Боатенг и Томас Милер. Како што е познато Лев ги отпиша тројцата фудбалери дека нема да смета на нив во иднина, а тие се налутија на начинот на кој им беше соопштено тоа сметајќи дека заслужуваат почит за се што направија за германскиот национален тим.

Ниту Федерацијата не додели ниту благодарница ниту ги награди за стореното досега, но затоа навивачите не ги заборавија своите херои. Кога влегуваа фудбалерите навивачите кренаа црни и бели листови и така на трибината испишаа големо „Благодарам“ и одоздоле имињата на тројцата фудбалери и нивните броеви 5, 13 и 17 на германскиот дрес.

На денешниот меч 13-ката на Милер ја носеше дебитантот Лукас Клостерман, 5-ката на Хумелс ја облече Џонатан Тах, а 17-ката на Боатенг ја зема Никлас Штарк.