Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар, Хуан Фелипе Алвез, вечерва дојде специјално да се види со Горан Пандев, и најпрво да му го честита јубилејот, и да му се заблагодари за добиениот дрес.

Имено, пред две недели Пандев му подари дрес на Фелипе, а овој со него се „пофали“ на социјалните медиуми.

Бразилецот не го заборави потегот на капитенот на македонската репрезентација, и вечерва дојде да му направи чест на Пандев.