Ѓоко Хаџиевски е новиот шеф на стручен штаб на Беласица. Тој ја извршуваше улогата на спортски директор досега, но отсега ќе биде и „главен“ тренер на струмичкиот тим.

Ваквата разврска „Спортмедиа“ ја најави уште пред неколку месеци. Хаџиевски и онака ја предводеше екипата во последните неколку кола. Тој стоеше во записниците како шеф на стручниот штаб поради лиценцата која ја поседува, а сега и дефинитивно ќе ја извршува таа улога.

Раде Цицмиловиќ останува како дел од стручниот штаб на струмичкиот тим.

Хаџиевски ќе има за цел да избори опстанок со Беласица.