Белгиската фудбалска и атлетската федерација со здружени сили го почнаа проектот за реконструкција на стадионот „Крал Бодуан“ во Брисел кој биде модернизиран, проширен, ќе добие уникатен изглед како и уникатно име… „Арена Златна генерација“.

Истиот треба да биде завршен до 2022 година, а ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра.

А од каде името „Арена Златна генерација“ објаснија од белгиската Федерација:

Нашата репрезентација е на првото место на ФИФА листата, имаме генерација на врвни фудбалери како и спортисти кои се олимписки, европски и светски шампиони, а и нашите навивачи исто така се најдобри на планетата“.

 

А сега кратка историја…

Стадионот „Крал Бодуен“ е пуштен во употреба во август 1930 година. Првото име му било Јубелстадион (Јубилен стадион) кое го носел до 1946 година, потоа се преименува во Хејсел и тоа име го носи до 1995 година.

Во 1995 година е реновиран и го добива името по Кралот на Белгија, Бодуен.

На овој стадион игра фудбалската репрезентација на Белгија популарните „Црвени ѓаволи“, потоа рагби репрезентацијата на Белгија, а на него се одржуваат и атлетски, велосипедски и хокеарски натпревари.

Во 1985 година се случи најголемата трагедија во европскиот фудбал на финалето на КЕШ помеѓу Јувентус и Ливерпул во која загинаа 39 луѓе. Беше домаќин и на натпреварите на ЕУРО 2000.