Манчестер Јунајтед долго време се обидуваше да го доведе во своите редови фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Герет Бејл, но „ESPN“ објави дека челниците на клубот се откажале од идејата да го купат репрезентативецот на Велс.

Бејл во последно време е најсреќен во дресот на „кралскиот“ тим, а доаѓањето на Зинадин Зидан ги зголеми шансите за негово заминување.

Она што е сигурно е дека нема да го облече дресот на Јунајтед, „црвените ѓаволи“ одлучиле дека во моментов не им е потребен играч како него.

Бејл е член на Реал Мадрид од 2013 година, освои четири титули во Лигата на шампионите, одигра 224 натпревари и постигна 102 гола и 63 асистенции.