Мечот меѓу Германија и Србија беше можност двата селектори да испробаат некои варијанти и некои нови играчи. Па така селекторот на „Панцерите“ Јоаким Лев се одлучи за подмладување, па така против „орлите“ од првата минута заигра Лукас Клостерман на позиција десен бек. Тој е 101 дебитант за германската фудбалска репрезентација во ерата на Лев. Другите двајца новаци Никлас Штарк (Херта) и Максимилијан Егештајн (Вердер) останаа на клупата и во некоја друга прилика ќе го впишат првиот настап за „панцер дивизијата“.

Вечерва играше и Марсел Халстенберг. Ова момче всушност прави кам-бек во националниот тим откако заздраве по тешката повреда која го оддалечи долго време. Тој дебитираше во 2017 година, потоа се лекуваше од скинати вкрстени лигаменти па дури сега го запиша вториот настап за националниот тим.

Со просек од 24,2 години вечерашниот германски тим е еден најмладите (ако не и најмлад) во историјата.