Три шпански клубa одбија да им дозволат на своите играчи да се најдат во репрезентацијата на Каталонија за неофицијалниот тест меч закажан против селекцијата на Венецуела. Мечот е закажан за в понеделник во Џирона, но Ваљадолид, Рајо Ваљекано и Уеска кои се борат за опстанок во Ла Лига немаат намера (од чисто спортски причини) да ги стават на дополнителен ризик своите фудбалери за вакви „екскурзии“.

Во средата, пред презентацијата на списокот на играчи кои се повикани за репрезентацијата на Каталонија, Уеска веднаш ја информираше каталонската федерација дека нема да им дозволи на своите фудбалери да заминат за овој меч. Веднаш по нив истото го направија и Рајо Ваљекано и Ваљадолид.

„Клубот мора да им даде приоритет на своите спортски интереси во решавачката фаза од сезоната“, вели претседателот на Ваљадолид.

Па така списокот на Каталонија и без играчите на овие три клуба изгледа импресивен